Ubisoft обично вметнува реклами во менито за видео игри за да знаете што е на попуст. Оваа практика, се чини, за некои, тоа се прошири на остатокот од искуството за игри.
Еден корисник на социјалната мрежа Редит, на тој начин објави дека сред игра се појавила реклама – поточно кога отишол на мапата.
Заедно со објавата, тој прикачи видео од екранот за да го поткрепи ова тврдење.
Just got an in-game advertisement when I tried to go to the map
byu/triddell24 inxboxone
Рекламата што му излезе го известуваше дека има попуст на Assassin’s Creed Mirage за црниот петок, а таа се појави додека ја играше Assassin’s Creed Odyssey.
Малку подоцна се огласи и студиото, па Ubisoft на Твитер објави дека се свесни за ова и дека се работи за „техничка грешка“.