Фановите на серијата Grand Theft Auto повторно го креираа трејлерот за GTA 6, фрејм по фрејм, но во играта GTA 5.

По повеќе од една деценија чекање, неодамна конечно ги добивме првите официјални детали за тоа што има Grand Theft Auto 6. Трејлерот за претстојната игра беше објавен на 4-ти декември и, како што се очекуваше, предизвика големо внимание.

Трејлерот собори бројни рекорди, меѓу кои и некои во Гинисовата книга на рекорди, како и рекорд за најмногу прегледи за немузичко видео на платформата YouTube.

Голем број фанови го искористија трејлерот за анализа фрејм по фрејм, посочувајќи многу интересни детали, а еден обожавател реши да го ре-креира трејлерот, но во играта Grand Theft Auto 5.

И покрај огромниот јаз меѓу двете игри, трејлерот направен од фановите изгледа одлично. И покрај фактот дека не е можно да се создаде секој фрејм идентично, трејлерот изгледа речиси беспрекорно.

Grand Theft Auto 6 се очекува во текот на 2025 година, а ќе пристигне на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X|S.