Многу компании ги скенираат пораките на електронска пошта на своите корисници за да ги унапредат производите, но понекогаш и нивните вработени мораат да ја прочитаат пораката, а Google нема ништо против тоа. Исто е и со останатите даватели на услуги на е-пошта во чии услови на користење никаде не е забрането читање на туѓа пошта.

Вработените кои работат за стотина компании кои се занимаваат со развој на софтвер ги читаат приватните пораки на корисниците на Gmail, пишува Bussines Insider.

Пред една година Google вети дека ќе го прекине скенирањето на пристигнатата пошта на своите корисници, но компанијата не направи многу за да ги заштити сандаќињата од програмерите на софтвери од трети страни.

Корисниците на Gmail кои се пријавија за “услугите засновани на е-пошта” како што се ‘споредување на цените за купување’ и ‘автоматизираните услуги за планирање на патот’ најчесто се во опасност нивните пораки да бидат прочитани, прв објави  The Wall Street Journal.

Стотина програмери електронски ја скенираат пристигнатата пошта на луѓето кои се пријавиле за некои од тие програми, а во некои случаи вработените навистина ги читаат. Google одби да коментира.

Не е вест дека Google и многу врвни даватели на услуги на е-пошта на трети страни овозможуваат пристап до корисничките сандачиња, и во поголем дел од случаите, корисниците сами го овозможуваат пристап, со цел за возврат да  можат да ги користат нивните услуги. Надворешните апликации и страници мораат да го поминат процесот на проверка, а за да се осигура, Google заклучува прифатлив договор за приватноста.

Она што е нејасно е колку третите страни се придржуваат до договорот и дали Google ќе направи за да осигура дека се држат до него, како и дали корисниците во целост се свесни дека одредени компании можеби ги читаат нивните е-пораки.

Микаел Бернер, извршниот директор на Edison Software, една од развојните компании која нуди апликација за организација на е-пошта, изјави дека неговите вработени ги прочитале мејловите на стотина корисници на Gmail со цел изработка на нова функција. Извршниот директор на друга компанија рече дека вработените ги читаат пораките и дека тоа станува вообичаена пракса.