Apple iPhone 15 Pro Max чини малку повеќе за производство од минатогодишниот модел, а на тоа влијае новиот чипсет, титаниумско куќиште и новите камери.

Аналитичката компанија Counterpoint Research објави извештај во кој ги наведува цените на компонентите во производството на моделот iPhone 15 Pro Max. Споменатиот телефон на пазарот се продава по цена од 1199 долари.

За основниот модел со 256 GB простор за складирање, A17 процесор и нова телефото камера, Apple издвојува 502 долари за сите компоненти на телефонот во производство.

Анализата открива дека компонентите за iPhone 15 Pro Max се 37,7 долари поскапи од минатогодишниот модел iPhone 14 Pro Max, кој исто така беше лансиран по цена од 1.199 долари.

Така, чипсетот A17 Pro е 30 долари поскап од A16 Bionic, најмногу поради тоа што е создаден во процесот на производство на 3nm.

Телефото камерата со перископ за прв пат пристигна на iPhone, што доведе до зголемување на цената на комплетниот систем на камера, кој чини 25,1 долари повеќе.

Дополнително поскапување предизвика додавање на титаниумско куќиште.

Apple ја зголеми количината на RAM меморија во моделот iPhone 15 Pro Max, која сега е 8 GB (наместо 6 GB на претходникот). Поради глобалниот пад на цените на меморијата, пониска цена е забележана и во овој сегмент, како и кај екранот обезбеден од Samsung Display и LG Display.

Интересно е што компонентите сочинуваат 42 отсто од вкупната цена за iPhone 15 Pro Max, а остатокот ги вклучува трошоците за производство, маркетинг и трошоци за истражување и развој.