Чипсетот Snapdragon 8 Gen 1+ може да се појави порано од очекуваното. Според неименуван извор, Plus моделот на премиум чипот на компанијата Qualcomm, се очекува најрано во јуни, а најдоцна во јули.

Се наведува дека првиот уред, кој ќе работи на чипот Snapdragon 8 Gen 1+, ќе биде пуштен во продажба во Кина. Сепак, не е објавено кој телефон прв ќе го добие овој чипсет. Првите шпекулации споменуваат дека тоа би можело да биде OnePlus 10 Ultra, но овој телефон може да го користи и Dimensity 9000 или сегашниот Snapdragon 8 Gen 1.

Чипот Snapdragon 8 Gen 1+ ќе се базира на 4nm процесот на производство на компанијата TSMC и најверојатно ќе биде многу сличен на моделот Snapdragon 8 Gen 1.

Гласините сугерираат дека Qualcomm ќе го претстави чипсетот Snapdragon 8 Gen 1+ во мај.