Apple го објави iOS 13 оперативниот систем, кој го карактеризираат подобрени подесувања на приватноста. Меѓутоа, софтверот и натаму може да ја следи локацијата на корисникот, дури и кога опцијата за Location Services е исклучена за сите апликации и сервиси. Наводно, iPhone 11 Pro продолжува да го известува својот GPS модул да собира податоци за локацијата и тоа дури не го ни крие.

Според наводите од Apple Privacy полисата, телефонот периодично ќе испраќа гао-тагирана локација од блиските Wi-Fi хотспотови и кули во анонимна и енкриптирана форма. Компанијата Apple истакнува дека ова може да се оневозможи систематски за секоја апликација засебно.

Меѓутоа, во видео доказот кој го објави сигурносниот истражувач Брајан Кребс, се гледа и дека доколку опцијата се стави на „off“ за секоја апликација, а потоа се исклучи приемот на податоци, GPS и натаму го известува мистериозниот сервер за тоа дека е достапен онлајн.

Во изјавата, инженерите на компанијата Apple истакнаа дека не гледаат никаков конкретен ризик во ова.