Австрија ќе се приклучи на голем број земји кои забрануваат користење на апликацијата ТикТок на службените телефони на државните службеници, изјави вчера министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

Голем број западни земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД и неколку други земји-членки на Европската унија, веќе го забранија ТикТок од безбедносни причини, објави Ројтерс.

Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент исто така ја забранија употребата на таа апликација.

„Ќе биде забранета на официјалните мобилни телефони. На приватните телефони надвор од државната мрежа, се разбира, ќе биде можно (да се користи апликацијата)“, им рече Карнер на новинарите пред состанокот на владата на прашањето дали политичарите во владата ќе може да продолжи да ја користи апликацијата.

„ТикТок“, кој е во сопственост на кинеската фирма ByteDance, ја зголеми загриженоста на владата дека кинеската влада би можела да ја користи апликацијата за собирање податоци за корисниците или за унапредување на сопствените интереси, соопшти агенцијата.