Јужнокорејскиот портал ET News објави дека Apple подготвува подобрени батерии за своите модели на iPhone кои ќе се појават во 2025 година.

Apple веќе некое време работи на сопствена технологија за батерии, која би можела да се појави кај моделите на iPhone за околу две години.

Порталот ET News, повикувајќи се на извори запознаени со предметот, сугерира дека компанијата од Купертино експериментира со руднички материјали кои ќе бидат имплементирани во катоди. Тоа се алуминиум, никел, кобалт и манган.

Легурата на овие материјали треба да ја подобри густината на батеријата, како и да овозможи таа да има поголем капацитет и во исто време побрзо полнење.

Претходно се појави информација дека Apple треба да претстави телефони со нови батерии во 2025 година, па се претпоставува дека компанијата веќе ги развива.