Huawei ги претстави своите телефони Nova 8 и Nova 8 Pro во декември минатата година, но се чини дека нема да ја чекаме серијата Nova 9 до тој период оваа година.

Според гласините од Кина, овие телефони ќе бидат официјализирани во одреден момент кон средината на септември.

Nova 9 уредите треба да имаат убав севкупен дизајн, како и подобар избор на бои во споредба со серијата Honor 50. Сепак, во споредба со Honor 50, Nova 9 нема да има толку добар процесор. Honor 50 користи Snapdragon 778G, додека Nova 8 и 8 Pro имаат Kirin 985 чип.

Не е познато кој чипсет ќе го имплементира Nova 9, но не се очекува премногу од неговите перформанси. Од друга страна, Nova 9 линијата ќе има поддршка за 5G конекција.

Гласините од претходно сугерираа дека Nova 9 ќе биде комбинација од она што го видовме кај P50 серијата, моделите Nova 8 и телефоните Mate 50, кои сѐ уште не знаеме дали ќе бидат пуштен во продажба поради американските санкции.

Извор: Benchmark.rs