Продажбата на NFT или незаменливи токени, забележа пад од 92 отсто во споредба со најдобриот период од претходната година.

Ова се анализите на сајтот NonFungible, кои ги потврдува и WSJ и покажуваат дека продажбата на NFT оваа недела паднала на дневен просек од околу 19.000, а само во септември имала просечна продажба од 225.000.

Значително се намали и бројот на активни паричници на пазарот NFT. Податоците покажуваат намалување од 88%, па сега има околу 14.000 NFT паричници, откако во ноември имаше повеќе од 119.000.

Во извештајот се тврди дека интересот на стандардните корисници за NFT нагло опаѓа. Google Trends истакнува дека пребарувањето за терминот NFT го достигна својот врв во јануари, додека во меѓувреме падна за околу 80 проценти.

Покрај тоа, годишниот извештај на GDC (Game Developers Conference), кој спроведе истражување на повеќе од 2.700 развивачи на игри, сугерира дека огромното мнозинство од нив не се заинтересирани за NFT.

Во текот на претходниот период, исто така, бевме сведоци дека многу сопственици на NFT сега имаат големи тешкотии да ги продадат и дека инвестициите што претходно ги вложиле во овие токени сега се непрофитабилни бидејќи NFT изгубија вредност.