Apple е се поблиску до тоа да им дозволи на корисниците да преземаат апликации од надворешни продавници, а ова го покажува увидот во iOS 17.2 API.
Корисниците кои поседуваат iPhone може да ја користат само App Store ако сакаат да инсталираат апликација. Ситуацијата е ваква од воведувањето на App Store, но тоа наскоро би можело да се промени.
Откриен е код во најновата iOS 17.2 бета верзија, која открива дека Apple се подготвува да им дозволи на другите компании да нудат свои продавници за апликации на корисниците на iPhone.
Откритието беше обелоденето од 9to5Mac и доаѓа откако Apple беше принуден да ги отвори и направи iPhone-и достапни за апликациите што не се на App Store во Европската унија, благодарение на Законот за дигитален пазар, кој стапува на сила во март 2024 година.
Дотогаш, Apple мора да има решение што не е App Store за корисниците кои сакаат да инсталираат различни апликации.
Сепак, постои еден можна финта. Истиот API, кој беше откриен, е исто така заклучен за одредени региони. Ова значи дека новиот АПИ ќе биде достапен само во одредени земји.
Тоа значи дека Apple би можел да овозможи „sideloading“ на апликациите за iPhone во делови од светот каде што е принуден да го стори тоа, како што е Европската унија.