Според најновиот извештај на аналитичката компанија App Annie, корисниците трошеле значајно повеќе пари на апликации во текот на првото тримесечје од оваа година. Ова секако се совпаѓа со COVID-19 пандемијата и зголеменото користење на мобилните уреди ширум светот.

Просечното време поминато во апликациите и игрите на Android пораснало за околу 20 проценти на глобално ниво во споредба со истиот период минатата година. Потрошувачите преземале 31,5 милијарди апликации комбинирано во текот на периодот јануари-март, на Play Store (22,5 милијарди) и App Store (9 милијарди) продавниците.

Вкупната сума, потрошена на двете платформи, изнесува 23,4 милијарди долари. Од нив, 15 милијарди долари се потрошени на iOS, а 8,3 милијарди на Android. Најмногу трошеле корисниците од САД и Кина кога е во прашање iOS платформата, додека на Android најмногу трошеле корисниците од Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Најпреземани апликации и за iOS и за Android, во текот на првиот квартал биле TikTok, WhatsApp и Facebook, а по нив следуваат Instagram и Facebook Messenger. Facebook, WhatsApp i Facebook Messenger се водечки според бројот на месечно активни корисници.