Наместо LCD, кој Samsung го користеше на претходните модели, претстојниот Galaxy A15 наводно ќе има OLED екран.

Најевтиниот телефон од серијата Galaxy A на Samsung наскоро би можел да добие OLED екран. Како што дознава јужнокорејскиот портал The Elec, претстојниот Galaxy A15 повеќе нема да го има LCD екранот што компанијата го користеше на претходните модели, туку ќе добие понапреден OLED.

Во споредба со LCD, OLED екраните нудат подобар квалитет на сликата бидејќи секој пиксел може независно да емитува светлина, што овозможува подлабока црна боја и поголем контраст. Позитивната страна на OLED е секако фактот што во одредени ситуации се енергетски поефикасни, а по правило имаат и побрз одзив, што е погодно за играње на мобилни телефони.

Но, имајќи предвид дека OLED екраните се поскапи за производство, веројатно е дека за најевтиниот модел на Samsung ќе треба да се издвојат малку повеќе пари од претходно.

Инаку, претставувањето на моделот Galaxy A15 се очекува во првиот квартал од следната година. Што се однесува до спецификациите, се шпекулира дека има 6,4-инчен екран со „U“ засек за предната камера, чипсет Helio G99 поврзан со 4 GB RAM, главна камера од 50 MP и батерија од 5.000 mAh со поддршка за полнење од 25 W.