Играта Gran Turismo 7 доби ажурирање кое вклучува три нови автомобили и дополнителна патека.

Станува збор за патеката Роуд Атланта која се наоѓа во Бразелтон, Џорџија, која е долга 4.088 метри. Се состои од 12 свиоци и има промена на надморската височина од 38 метри. Најдолгата рута е долга 1.275 метри.

Играчите имаат на располагање и три нови автомобили, кои доаѓаат од различни периоди.

BMW M2 Competition (2018) е најновиот меѓу нив, тој е модел од претходната генерација придвижуван од 3.0-литарски твин-турбо линиски шест кој развива 45 КС и 551 Nm вртежен момент.

Според фабричките спецификации, купето со 6-брзински мануелен менувач забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди, додека верзијата со 7-степен автоматски менувач до „100“ достигнува за 4,2 секунди. Електронски ограничената максимална брзина е 249 km/h или 280 km/h со опционалниот пакет M Driver’s.

Вториот автомобил е Nissan Silvia K Aero од 1996 година. Моделот Silvia беше освежен во 1996 година, така што горниот дел од хаубата доби позаоблен облик, како и редизајнирани светла. Што се однесува до моторот, се работи за 2.0-литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач кој развива 217 КС и ја испраќа силата на задните тркала.

Дел од пакетот е Ford Sierra RS 500 Cosworth од 1987 година, кој претставува помоќна верзија на моделот Sierra RS Cosworth. Промените вклучуваат поголем турбополнач и интеркулер. Во патната варијанта, моторот испорачуваше 224 КС.

Red Bull X2019 25th Anniversary Special Edition е додаток во светот на виртуелните прототипови.