Гласините за белиот Galaxy Note 9 се покажаа како точни, Samsung токму таков уред претстави на пазарот во Тајван -Galaxy Note 9 First Snow White.

Evan Blass неодамна преку официјалниот Twitter профил објави информација или подобро кажано гласина за белиот Galaxy Note 9. Неколку недели подоцна, Samsung претстави токму таков модел, со што Блас уште еднаш се покажа како точен извор на разните вести за уредите кои треба да бидат претставени.

Како што можете да видите на фотографиите, белата боја на куќиштето е резервирана за задната страна. Предната страна е црна, а рамката е со потемна бела, всушност повеќе сребрена боја. Горниот дел на дигиталното пенкалце (S-Pen) е исто така со сребрена боја, додека остатокот од пенкалцето е со бела боја.

Note 9, зависно од пазарот, може да се најде во пет бои – Midnight Black, Ocean Blue, Lavender Purple, Metallic Cooper и Cloud Silver. Официјалното име на шестата, бела боја е First Snow White. Што се однесува до спецификациите, тие останаа исти како и кај стандардниот Note 9, односно Samsung дополнително не ја засили, ниту ја ослабе белата верзија на Note 9.

Засега е позната дека продажбата ќе почне од декември, 2018. година, но се чини само на тајванскиот пазар. Цената на овој пазар че изнесува околу 998 американски долари.

Информации за тоа дали Galaxy Note 9 First Snow White ќе пристигне и на другите светски пазари, засега нема.