Пазарот на половни смартфони расте за сметка на продажбата на нови уреди, а трендот е особено забележителен во САД, според новиот извештај на аналитичарите од Counterpoint Research.

Податоците покажуваат дека продажбата на половни смартфони растат побрзо отколку на нови уреди. Тоа, според аналитичарите, се должи на постојаното поскапување на смартфоните, особено во високата класа

Во вториот квартал на годината, пазарот на нови смартфони е намален за 1%, додека оној на половни смартфони бележи раст од 10%. Кина е најголемиот пазар на ваков тип смартфони, но во Индија се забележува највисок раст во продажбата – за 41% во вториот квартал, наспроти 20% на новите смартфони.

Најдраматична е разликата во стапките на продажба на стари и нови паметни телефони во САД. Во вториот квартал, пазарот на половни смартфони запишал раст со 18%, додека продажбите на нови уреди се урнале за над 20%, покажуваат податоците на Counterpoint Research.