Сите ние долго време кликнуваме на добро познатиот квадрат кој се наоѓа на многу интернет страници со ознака „I’m not a robot“ (Јас не сум робот) без да размислуваме премногу за неговата функција.

Оваа безбедносна проверка често е придружена со кутии во кои е потребно да се изберат фотографии од семафори, пешачки премини, автомобили и слични предмети.

Иако повеќето луѓе се трудат да ја завршат задачата пред себе што е можно поскоро, малку луѓе размислувале за тоа што се крие зад оваа опција.

Станува збор за функција наречена CAPTCHA (Completely Automated Public Turing test to tell Computers and Humans Apart), во кој Туринговиот тест е алатка за разликување на вештачката интелигенција од луѓето.

Сепак, вистинската функција е различна и поентата е што правел корисникот пред да кликне на полето и што ја поттикнува таа веб-страница да ја анализира историјата на посети за да утврди дали се работи за вистинска личност.

Однесувањето на корисникот на интернет покажува дека се работи за човек, а не за машина, па ако сте гледале видеа со мачки пред да го посетите, сте твитнале нешто и потоа сте ја провериле вашата е-пошта, доволно е да го потврдите вашиот идентитет.

Многу анализи сугерираат дека по кликнување на квадрат, започнува анализата на начинот на кој претходно сте го придвижиле глувчето, па доколку веб-страницата не може веродостојно да го одреди тоа, тогаш постои тест со кликнување на елементи кои треба да се најдат на фотографијата.

Не сите корисници се среќни да дознаат за ова, па затоа се препорачува да се биде внимателен на интернет, особено кога сметате дека секогаш постојат тајни начини за следење на веб активноста.