Според наводите на доверливиот дојавувач Digital Chat Station, Xiaomi подготвува уште еден Redmi телефон. Се работи за модел со Snapdragon 870 чипсет и 120Hz OLED екран. Некои веруваат дека се работи за Redmi K40S, или би можел да биде дел од претстојното Redmi K50 семејство.

Дојавувачот откри и уште некои детали за телефонот. Redmi телефонот ќе користи 6,7-инчен дисплеј со 2400 x 1080p резолуција, а на задната страна се очекува дека ќе има главна камера од 50MP.

Изворите од кои потикнуваат информациите за овој уред, сугерираат дека смартфонот со ознака на модел SM8250 нема да се појави на пазарот пред следната година. Доколку тоа се обистини, се зголемуваат шансите дека се работи за телефон од Redmi K50 серијата.