Vivo почна полека да го претставува следниот флегшип уред X50. Видеото кое е поставено на  Weibo мрежата прикажува камера модул, кој вклучува перископ за телефото објектив, два објектива со стандардна големина и еден невообичаено голем објектив кој веројатно ќе се користи за главна камера. Леќата се ротира додека модулот е контролиран од роботизиран гимбал вграден во самиот модул, сугерирајќи дека главната карактеристика е стабилизација на сликата.

Една од главните карактеристики на Vivo Apex 2020 концептот на телефон беше стабилизацијата преку гимбал со камера од 48MP. Тогаш Vivo соопшти дека дизајнот бил инспириран од очи на камелеон и 200 проценти поефикасен од типичната OIS-стабилизирана камера, овозможувајќи подолга експозиција ноќе и „потечно“ видео. Изгледа дека моделот X50 ќе биде прва комерцијална употреба на оваа технологија. Уште едно тизер видео ја прикажува можноста за фотографирање во услови на слабо осветлување.

На интернет кружат гласини дека X50 би можел да го има новиот ISOCELL GN1 сензор на Samsung, кој само што е претставен. Неговата физичка големина заедно со стабилизацијата на компанијата Vivo можат да ја објаснат големата леќа на камера модулот на X50 моделот, иако тоа не е потврдено. Vivo ќе го претстави новиот модел на 1. јуни.