Мексиканската влада побара од брендовите на телефони, да не ги блокираат телефоните кои се нелегално увезени и продавани „на црно“ во земјата.

Некои од нив, како Samsung, рекоа дека ќе престанат да блокираат такви уреди и ќе соработуваат со владата и агенциите за да најдат решение.

Беше објавено дека Motorola и ZTE почнале да блокираат нелегално увезени телефони, спречувајќи ги потрошувачите да користат такви уреди купени во Мексико.

Подоцна и Samsung најави дека ќе ги блокира, бидејќи, како што се тврди, можат да влијаат на квалитетот на услугата и да направат проблеми со исполнувањето на гаранцијата.

Владата на Мексико неодамна издаде соопштение за печатот во кое бара од брендовите на телефони да не ги блокираат телефоните, бидејќи луѓето не можат да ги користат дури и откако ќе потрошат пари на нив, пишува Sam Mobile.

Владата побара од брендовите да формираат работна група со агенции и други партнери за да изнајдат мерки за справување со предизвиците што ги носи „сивиот пазар“ на телефони, притоа штитејќи ги правата на потрошувачите во секое време.

Мексиканската Федерална агенција за заштита на потрошувачите (PROFECO) и Федералниот институт за телекомуникации (IFT) ќе водат кампањи за подигање на свеста за да објаснат зошто нелегално увезените телефони можат да предизвикаат проблеми.

Според извештаите на локалните медиуми, најмалку еден од пет телефони во Мексико се продава „црно“ и нема официјални податоци за тоа колку телефони Samsung нелегално се користат во Мексико.