Доколку имате малку постар компјутер, а сакате да инсталирате Windows 11, тоа е можно, иако „на хартија“ ве спречуваат некои ограничувања.

Барањата официјално поставени од Microsoft за компјутери со цел Windows 11 да работи правилно може да се заобиколат со користење на командата „/product server“ по отворањето на директориумот за Windows setup.exe за време на инсталацијата.

Многумина се откажуваат од префрлување на Windows 11 бидејќи нивните компјутери, според дадените спецификации, не ја поддржуваат новата верзија на ОС, а се вели и дека чипот TPM 2.0 мора да биде на матичната плоча или внатре во процесорот.

Еден корисник на Твитер, сепак, објави скриншот кој покажува како успеал да инсталира Windows 11 на својот компјутер иако тоа не би требало да биде можно (според официјалните спецификации).

Кога ја започнувате инсталацијата на Windows 11, треба да ја внесете командната линија и потоа да напишете „setup/product server“ – на овој начин издавате команда за заобиколување на проверката за хардверска компатибилност.

Сепак, овој корисник на Твитер забележа дека ова е испробано во последната верзија на Canary, па можно е Windows да ја отстрани оваа „дупка во законот“.