Xiaomi го претстави новото безжично глувлче Mi Elegant Mouse Metallic Edition, кое функционира како преку Bluetooth врска, така и преку безжичен приемник на фреквенција од 2,4 GHz.

Маусот ќе може да се набави од 9. април по цена од 14 американски долари и ќе биде достапен во две бои, црна и сива. Mi Elegant Mouse Metallic Edition претставува фузија на претходните модели на глувчиња на Xiaomi, како што се Mi Wireless Mouse 2 од крајот на минатата година и Mi Portable Mouse моделот од 2016. година.

Новото глувче го карактеризира завршен слој од анодизиран метал, што ја продолжува цврстината на производот и површината на маусот ја прави поотпорна на отисоци. Можно е да се спои со два уреда одеднаш, а фотоелектричниот сензор од 1000 DPI ќе осигура задоволително искуство на користење.

Што се однесува до поддржаните уреди, се споменуваат Windows верзиите од Windows 7 do Windows 10, macOS од верзијата 10.10 па натаму, Android од верзијата 5.0 и понова и iPadOS од верзијата 13.4. Глувчето се напојува со помош на AA батерии, а автономијата му изнесува девет месеци преку Bluetooth и 12 месеци преку безжичен приемник.