Трендот на огромни екрани толку многу зема замав што на автомобилите со дисплеи помали од 10 инчи се гледа како да се веќе застарени.

Во онлајн дискусија организирана и водена од Car Design, дизајнерите од Pininfarina, Italdesign, Polestar, ELeather и BMW зборуваа за иднината на автомобилскиот ентериер. За среќа, се чини дека некои работи сепак им дошле до мозокот.

Без разлика колку некои возачи не можат да го поднесат тој факт, огромните екрани на мултимедијалниот систем во последно време се се поприсутни во кокпитот и стануваат се поголеми, пишува сајтот Automobili.hr.

Овој тренд толку многу зема замав што автомобилите со екрани помали од 10 инчи изгледаат малку чудно, како да се веќе застарени.

Некои производители на автомобили го носат дури и до крајност. Mercedes-Benz неодамна го претстави прекрасниот MBUX Hyperscreen во луксузниот електричен седан EQS, кој се состои од три посебни дисплеи под едно стакло и се протега од возачките до совозачките врати.

BMW одговори со панорамски 31-инчен 8K екран (како филмски екран) на задните седишта на новата Серија 7 и електричната лимузина i7.

Бидејќи очигледно не може да биде пошироко од ова, вметнаа дополнителни екрани во рачките на задните врати.

Сепак, се чини дека оваа необјавена „војна на екраните“ наскоро ќе стане минато – барем така мисли Матијас Јунгханс, шефот за внатрешен дизајн на BMW, кој зборуваше за тоа на оваа мини онлајн конференција.

Еден од гледачите праша дали UX – user experience (корисничко искуство) ќе биде синоним за големите екрани во иднина, како и дали сме го достигнале врвот на нивниот развој и големина.

Јунгханс одговори со прашањето: „Дали големиот екран е она на што се смета? Тој продолжи, велејќи дека е убеден оти огромните екрани порано или подоцна ќе заминат во историјата.

Тој додаде дека, според него, автомобилите сепак ќе останат интелигентни, но дека екраните ќе се појавуваат само „кога ви требаат и кога ги сакате“.

Шефот за внатрешен дизајн на Polestar, Кони Бломе, се согласи со овие ставови.

„Сè има своја кулминација, а веројатно и екраните“, рече Бломе.

Вистина. Затоа што, кога патувате со автомобил, најчесто уживате во патот и погледот, а не во екраните.