Претходно дознавме дека претстојниот телефон на Samsung – Galaxy Z Fold3 нема да имплементира значителни подобрувања во сегментот на камерата, но сега добиваме поконкретни детали за хардверот на камерата.

Новите протечени информации сугерираат дека на задната страна ќе има три камери со 12MP сензори, но за разлика од Fold2 системот, Z Fold3 ќе добие PDAF (Phase detection autofocus).

Интерната селфи камера, која треба да биде сместена под панелот, ќе има 16MP Sony IMX471 сензор со 1,0 μm пиксели и ќе има големина од 1 / 3,09 инчи. Селфи камерата на предниот панел (кога телефонот е преклопен) ќе го користи истиот 10MP IMX374 сензор,  како и Fold2 моделот.