Според истражувањето на интернет страницата ResearchAndMarkets се предвидува раст на пазарот на паметни часовници од 14,5 проценти на годишно ниво во периодот помеѓу 2019. и 2024. година.

Во тој период би требало да бидат испорачани околу 108,91 милиони паметни часовници, а пазарот расте на крилата на засилената побарувачка за паметни часовници, кои нудат следење на спортските активности и здравствената состојба (посебно по актуелната пандемија на коронавирусот).

Во иднина се предвидува додавање на уште повеќе функции кои го следат здравјето на корисниците, кои донекаде дури и ќе го достигнат нивото на професионална медицинска технологија. САД и натаму ќе биде главен двигател на пазарот на паметни часовници се до 2024. година.

Се истакнува и се поголемата важност на часовниците кои повеќе не се целосно поврзани со паметните телефони, па во иднина ќе расте и побарувачката за часовници со eSIM компонента, како и часовници кои ќе нудат можност за управување со паметниот дом (без нужоста од поседување на смартфон).

Во истражувањето се напоменува дека корисниците и покрај споменатото следење на здравјето и фитнес активностите, ги преферираат и класичните можности на паметните часовници, како што е контролата на репродукција на музиката, приказот на нотификации, аларми и мобилно плаќање.