Една од најистакнатите карактеристики на овогодинешниот модел на iPhone 15 Pro Max е новата перископска камера со 5x оптички зум. Следната година, се чини, сензорот ќе пристигне и на обичниот модел Pro.

Новиот еквивалентен објектив од 120 mm пристигнува со иновативен дизајн на тетрапризма и ќе има светол f/2,8 отвор на бленда и големина на пиксели од 1,12 µm во сензорот од 12 MP.

Аналитичарот на Apple, Минг-Чи Куо, сугерира дека овој сензор за перископ ќе пристигне и на помалиот iPhone 16 Pro, кој ќе го стави рамо до рамо со моделот Pro Max.

Куо вели дека Apple се соочува со предизвици во производството на моделот iPhone 15 Pro Max, особено поради зголемените трошоци за производство и малите залихи, сето тоа поврзано со новите објективи за зумирање обезбедени од Largan Precision Co.

Врз основа на неодамнешните извештаи, постои голема побарувачка за моделот iPhone 15 Pro Max што може да доведе до значително подолго чекање за овој уред во споредба со минатогодишниот iPhone 14 Pro Max.

Минг-Чи Куо очекува серијата iPhone 15 да достигне 80 милиони единици до крајот на годината.