Samsung потврди дека година нема да има Galaxy Note модели и се чини дека серијата ќе го доживее својот крај. Компанијата очигледно сака да ги пренасочи корисниците на Note кон новите преклопни смартфоните Galaxy Z, кои можеби ќе ја следат истата временска рамка како и Note 20.

Според јужнокорејската страница Yonhap News, се очекува дека Samsung ќе одржи Unpacked настан за Galaxy Z Fold 3, Z Flip 3 и Galaxy S21 FE во првата половина на август. Претходно се шпекулираше дека Samsung ги најавил Galaxy Z Fold 3 и Flip 3 моделите за јули, а Galaxy S21 FE за 19 август. Новите телефони во најлош случај ќе бидат објавени до крајот на август.

Минатогодишниот Z Flip 5G, кој беше помоќна верзија на Flip со овозможена 5G конекција, објавен е во август. Galaxy Z Fold 2 се појави во продажба во септември, а Galaxy S21 FE се појави на полиците во октомври.

Samsung очигледно се надева дека истовременото издавање на нови паметни телефони ќе ја пополни празнината што ќе ја остави Galaxy Note. Note 20 серијата беше достапна за купување на 21 август. Компанијата не сака да има преголем јаз во издавањето помеѓу Galaxy S21 серијата  и новите премиум модели.

Извештајот ги потврдува и гласините дека Galaxy Z Flip 3 е подостапен од Flip 5G. Во Кореја се очекува да биде околу 450 долари поевтин од Z Flip, кој на лансирањето чинеше 1483 долари.

Во САД, Z Flip 5G имаше почетна цена од 1.449 долари, но подоцна беше намалена на 1.199 долари. Z Flip 3 ќе чини помеѓу 990 и 1,199 долари.

Цената на Fold 2 исто така беше пониска за околу 200 долари, а Z Fold 3 наводно ќе се продава по цена од околу 1.799 долари.

Денешниот извештај, исто така, тврди дека Galaxy S21 FE ќе се продава по цена од 629 долари, што значи дека ќе чини приближно исто како S20 FE, чија цена за време на објавувањето изнесуваше 699 долари.

Сите три телефони најверојатно ќе ги покренува Qualcomm Snapdragon 888. Galaxy Z Fold 3 веројатно ќе има камера под екранот и поддршка за S Pen, а Z Flip 3 ќе има поголем екран на капакот од Z Флип 5G. Сите три модели се очекува да бидат меѓу најдобрите телефони во 2021 година.