Пристигнувањето на флексибилниот смартфон Vivo X Fold на пазарот е официјално потврдено, а сега е познат и датумот на претставување.

Vivo на 11. април ќе го претстави својот X Fold смартфон, кој поседува механизам за преклопување и внатрешен екран, баш како што е случај со моделите Oppo Find N и Samsung Galaxy Z Fold 3.

Новиот уред на Vivo ќе има и секундарен екран од надворешната страна. Преклопувањето навнатре не е изненадување, бидејќи сите конкуренти одат по истиот пат, иако видовме и некои поинакви пристапи на пазарот, како што е случајот со Mate X на Huawei.

Vivo го објави и првото официјално видео кое е дел од тизер кампањата, а во кој уредот е прикажан од сите агли. Исто така, се гледа и Zeiss модул со четири камери, заден панел обложен со веганска кожа, како и внатрешен екран, кој се чини има минимален набор.