Во декември минатата година, Honor претстави два нови смартфони од средна класа – Honor 60 и Honor 60 Pro. Три месеци подоцна, компанијата сега објави нова варијанта на Honor 60 Pro наречена Honor Code. Во суштина, хардверски е истиот телефон, но има целосно нов дизајн со заден дел од електрохромно стакло.

Honor 60 Pro „Honor Code“ се издвојува од толпата со својот уникатен дизајн. Задниот дел на телефонот се карактеризира со електрохромно стакло со големи отпечатени стилизирани букви (H, O, N, O, R). Овие букви светат синхронизирано со ритамот на дојдовниот повик, алармот, потсетникот и нотификацијата. Honor вели дека задната страна обезбедува „брзина на одговор од милисекунди“ и дека можете да го прилагодите ефектот на осветленоста и неговата брзина по ваш вкус од поставките на уредот.

Honor не е првата компанија која користи електрохромно стакло на паметен телефон. OnePlus и Vivo претходно го демонстрираа концептот на телефони со задна страна што ја менува бојата и содржи електрохромно стакло.

Варијантата Honor 60 Pro „Honor Code“ доаѓа во една мемориска опција од 12 GB/256 GB и чини 633 долари. Достапен е за претпродажба во Кина, а се уште нема информации кога Honor 60 серијата ќе биде лансирана на глобално ниво.

Што се однесува до хардверот, Honor 60 Pro има 6,78-инчен FHD+ OLED дисплеј со стапка на освежување од 120 Hz и поддршка за DCI-P3 широк опсег на бои. Телефонот го покренува Qualcomm Snapdragon 778G Plus SoC, поврзан со 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Телефонот има тројна камера на задната страна, која се состои од главна камера од 108MP, ултраширока од 50 MP и сензор за длабочина од 2MP. На предната страна, добивате селфи камера од 50MP.