Платформата X има имплементирано неколку интересни промени во своите услови за користење.

Во условите за користење на апликацијата X, почнаа да се појавуваат скокачки прозорци за новите услови кои ќе стапат на сила на 29 септември.

Една од промените е што во два случаи зборот ретвит (кој беше единствениот пример за употреба на зборот твит во условите за употреба) беше заменет со зборот repost. Ова речиси целосно го отстрани терминот твит од официјалните документи на Х.

Речиси целосно, но не целосно. Имено, се чини дека многу URL-адреси сè уште го вклучуваат зборот twitter (како, да речеме, овој https://developer.x.com/en/docs/twitter-for-websites), а X.com сè уште го пренасочува сообраќајот на twitter.com. Референците на Periscope, апликацијата за пренос во живо на Twitter, затворена во 2021 година, исто така се отстранети.

Што се однесува до другите измени, онаа што падна во очи беше онаа според која корисниците, „до степен што е дозволен со закон, се откажуваат од правото да учествуваат во заеднички тужби и други форми на застапување“.

Исто така, отсега е строго забрането индексирање или собирање податоци од X во која било форма, без писмена согласност од компанијата.

X, исто така, планира да објави нова политика за приватност на 29 септември. Меѓу другото, се очекува X да го прошири количеството податоци што ги собира за корисниците, вклучително биометрија и историја на вработување, пишува Verge.