Едно од новите прашања на Facebook е и со кого спиете. Многумина се збунети што тоа воопшто значи – дали се мисли на членовите не семејството или на партнерот?

Новата опција која предизвика големо внимание на News Feed се многу интересните прашања. Едно посебно се издвои: “Со кого обично спиете”?

Постојат два начина да се интерпретира ова прашање – или се мисли на сексуалните партнери или на сите други луѓе кои не ви се партнери. Во секој случај е многу чудно.

 

Британскиот парламентарен истражувач Решима Шарма е еден од луѓето кому му се појави ова прашање:

“Може да се толкува на два начина. Не треба да му се замери на Facebook, бидејќи и останатите прашања се многу лични како она “последен пат кога минував низ тежок период беше…”, како и “да можам да променам нешто на партнерот тоа би било…”, вели тој.

Facebook не сакаше да ја појасни смислата на ова прашање, но нема сомневање дека предизвика најголемо внимание.