Sega одлучи да излезе од бизнисот на производство на аркадни игри, по повеќе од 50 години.

Имено, откако пандемијата ги загрози сите јавни собири, особено беше погоден аркадниот оддел на компанијата Sega, по што матичната компанија Sega Sammy продаде повеќе од 85 проценти од својот бизнис поврзан со аркадни и забавни центри на Genda Inc., а минатиот викенд истата компанија го откупи и остатокот.

Иако не беа единствената компанија која претрпе загуби за време на пандемијата, таа е една од најпознатите, а освен тоа, се работи за култна компанија во Јапонија.

По завршувањето на зделката, Sega Entertainment ќе стане Genda GiGO Entertainment и целото брендирање на сите локации ќе биде променето во GiGO, а производството на уредите ќе продолжи, иако тој дел од индустријата е драстично намален од осумдесеттите години до денес.