Мета воведе нова AI алатка со отворен код наречена AudioCraft.

AudioCraft претставува алатка, базирана на вештачка интелигенција, чија цел е да им помогне на корисниците да креираат музика врз основа на текстуални прашања.

Алатката доаѓа во комплет со три модели на вештачка интелигенција – AudioGen, EnCodec и MusicGen – и може да се користи за музика, аудио, компресија и генерирање содржини.

Уметниците и експертите од музичката индустрија веќе изразија загриженост дека користењето на алатката може да доведе до прекршување на авторските права. Причината е што софтверот за машинско учење работи со препознавање и одговарање на обрасци користејќи податоци преземени од интернет.

Мета не е првата голема компанија која создава алатка од ваков тип. Претходно оваа година, Alphabet ја претстави својата експериментална алатка за генерирање звук со вештачка интелигенција наречена MusicLM.