Вселенската роботска компанија Astrobotic би требало до Месечината да го понесе роверот на агенцијата NASA, кој е дизајниран за потрага по вода, а мисијата е планирана за 2023. година.

Се уште не е познато која ракењта ќе ја понесе оваа мисија до вселенската дестинација, но се знае дека за слетување ќе се искористи Astrobotic lunar лендер. Sвезда на мисијата е Volatiles Investigating Polar Exploration Rover, или едноставно VIPER, чија задача е да се пушти во потрага по мраз на јужниот пол на Месечината, и да проба да утври колку отприлика замрзната течност се крие во таа област. NASA сака овие области да ги мапира, за водата да се користи во текот на некои следни мисии.

Еднаш кога ќе слета, VIPER ќе ја почне мисијата, која би требало да трае 100 дена. Планирано е да ја покрие оддалеченоста од околу 20 километри и за пронаоѓање и мапирање на изворите на вода да користи специјална бушилка. За разлика од роверот на Марс, VIPER ќе може да се контролира од Земјата, што значи дека истражувањата ќе се извршуваат во речиси реално време.

NASA посебно е заинтересирана за пронаоѓање вода, бидејќи таквите наоѓалишта би можеле да бидат од големо значење за идните мисии. Водата може да се претвори во ракетно гориво, кислород и секако вода за пиење, а VIPER би требало да го даде одговорот на прашањето колку вода има на Месечината, која еден ден би можела да се искористи.