По објавата на Enjoy 10e моделот во март, Huawei се подготвува да претстави уште еден телефон од Enjoy серијат, под името Huawei Enjoy 20 Plus.

Пред објавата на овој уред, се појавија наводни спецификации, а ги објави истиот дојавувач кој неодамна откри и детали за Honor 10X и 10X Pro телефоните.

Според информациите, Huawei Enjoy 20 Plus ќе има FHD+ дисплеј со 60Hz освежување на екранот. Телефонот ќе го покренува осмојадрениот MediaTek Dimensity 800 чипсет со поддршка за SA и NSA 5G модови. Уредот ќе има до 8GB RAM и 128GB простор за складирање.

Кога се во прашање камерите, се очекуваат четири сензори на задната страна: 48MP Sony IMX586 главен, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина. Од предната страна ќе се најде 16MP селфи камера.

Телефонот ќе го напојува 4200mAh батерија, со поддршка за 22.5W брзо полнење. Очекуваната цена на Huawei Enjoy 20 Plus телефонот ќе изнесува околу 170 и 310 долари за  6GB + 128GB и 8GB + 128GB модели.