Иако до претставувањето на серијата Samsung Galaxy S24 има уште неколку месеци, досега имавме можност да дознаеме некои детали за неа, а сега се појавија повеќе.
Најновите информации за серијата Galaxy S24 се однесуваат на дизајнот. Во текот на изминатите години, имаше гласини дека Samsung ќе имплементира рамка од нерѓосувачки челик на својата предводничка серија. Алуминиумската рамка на водечките телефони на Samsung ги прави еден од најиздржливите уреди на пазарот. Сепак, Apple имаше мала предност во оваа област благодарение на рамката од нерѓосувачки челик на iPhone-ите, кои беа претставени во последните неколку години.
Сепак, нерѓосувачкиот челик има тенденција да го направи уредот потежок, што можеби е една од причините зошто Samsung никогаш не го користел на своите паметни телефони. Секако, причината е и повисоката цена на материјалот. Изгледа дека Samsung може да го прескокне нерѓосувачкиот челик и да ја испорача својата следна предводничка серија со титаниумска рамка.
Според најновите информации кои доаѓаат од познатиот дојавувач Ice Universe, Samsung следната година ќе ја испорача својата серија Galaxy S24 со титаниумска рамка.
Доколку оваа информација се покаже како точна, а шансите се големи со оглед на изворот на информациите, и Apple и Samsung ќе ги испорачаат своите следни телефони од високата класа со титаниумски рамки.
Веќе некое време кружат гласини дека Apple годинава ќе ја испорача серијата iPhone 15 со оваа рамка, па во таа смисла американската компанија ќе биде чекор пред Samsung. Но, ниту обожавателите на Samsung нема да мораат долго да чекаат на функцијата, имајќи предвид дека серијата Samsung Galaxy S24 ќе пристигне на почетокот на следната година.
Конечно, напомнуваме дека тоа се гласини кои треба да се земат со одредена резерва.
Поврзани артикли