LG ги најавува новите „Tone Free FP“ вистински безжични слушалки, кои нудат Whispering Mode. Овој режим овозможува десната слушалка да се користи како доделен микрофон во текот на повиците.

Линијата ја сочинуваат три нови модели слушалки – FP5, FP8 i FP9, а сите ги красат воглавно истите спецификации. Сите имаат опција за поништување на позадинската врева, три микрофони по слушалка и IPX4 отпорност на прскање со вода.

Дршките на слушалките се за 4,4 милиметри пократки во однос на претходниот модел на компанијата LG, а пристигнуваат со подобрени драјвери. Headphone Spatial Processing и 3D Sound Stage нудат опкружувачко искуство на звукот кај корисникот.

Најинтересни карактеристики секако има FP9 моделот, кој може да се користи и како безжичен преносник и на слушалките им овозможува да се користат со уредите кои немаат Bluetooth. Со помош на USB-C кабел, футролата може да се поврзе на различните уреди, што ја отстранува потребата за засебен Bluetooth адаптер.

FP8 и FP9 моделите имаат и понапреден работен век на батеријата во однос на FP5 и можат да работат до 10 часа со едно полнење, или до 24 часа доколку се користат со својата футрола за полнење (FP5 моделот има траење на батеријата од осум и 22 часа). Само FP8 моделот поддржува безжично полнење.