Иако сè уште e рано за позначајни информации за спецификациите на Samsung Galaxy S11, почнуваат да се појавуваат гласини за карактеристиките на телефонот. Најпрвин се појавија информации дека Samsung тестира 5x перископ телефото камера за S11, а сега имаме и некои информации за дисплејот на смартфонот.

Уредот, тестиран во HTML 5 бенчмарк, ја носи ознката SM-G416U, што е ознака која Samsung ја користи за тестирање своите необјевени Galaxy S модели. Телефонот го користи Android 10, а екранот го карактеризира подолг 20:9 однос на страници.

Премиум моделите на Samsung, Galaxy S10 и Note10 користат екрани со формат 19:9, додека уредите како што се Galaxy A80 и A70 имаат екрани од 20:9.

Засега не е познато што планира Samsung со оваа дополнителна должина на екранот, како ни дали телефонот од S11 линијата ќе има pop-up селфи камера. Galaxy S11 не се очекува пред февруари следната година, така што многу повеќе гласини не очекуваат во наредните месеци.