Google одлучи да го зголеми лимитот за Live Albums, опцијата на автоматизирано додавање фотографии и видео инстерти во албум во рамките на сервисот Google Photos.

На почетокот на октомври, Google во својот сервис за складирање на фотографии Google Photos ја вклучи и новата опција наречена Live Albums. Оваа опција овозможи автоматизирано додавање на фотографии или видео инсерти од одредени личности или животни (домашни миленици) во посебен албум.

Почетниот поставен лимит од вкупно 10 илјади фотографии за Live Albums за голем број на корисници се покажа недоволен, па Google кон крајот на годината одлучи да го прошири тој лимит на 20 илјади фотографии.

Информацијата за проширувањетo го донесува интернет страницата Android Police, а информацијата за новиот лимит веќе ја потврди и Google.