Опремен со водечкиот процесор MediaTek Dimensity 700 5G со двојна SIM и екран што поддржува непречен 90Hz, компанијата наведува дека има оптимална потрошувачка и екстремно долг век на траење на батеријата.

Популарната технолошка марка, која е насочена кон помладата публика, го претстави својот нов уред POCO M3 Pro 5G.

„Задоволни сме да објавиме дека на 6-ти мај 2021. година, POCO испорача над 17 милиони уреди, почнувајќи од 2018. година и го лансираше нашиот прв телефон POCO F1“, рече Кевин Киу, извршен директор на POCO Global.

За прв пат, POCO ја користи технологијата на MediaTek Dimensity. За процесорот Dimensity 700 се вели дека обезбедува врвни перформанси додека одржува пониска потрошувачка за подолго траење на батеријата. Заедно со комплетно новата технологија за складирање UFS 2.2, вклучително и IR blaster, NFC и 3,5 mm приклучок за слушалки – компанијата го гледа POCO M3 Pro 5G со овој чипсет, како универзален војник, за кој посочуваат дека е центар на забава, а без проблеми ги вчитува графичките побарувања на игрите, видео фајловите и уште многу друго.

Покрај стапката на освежување од 90Hz, POCO M3 Pro 5G ја донесува и технологија DynamicSwitch која овозможува на екранот автоматски да се префрла помеѓу 90Hz, 60Hz, 50Hz и 30Hz, со што се заштедува енергија од батеријата.

Од POCO наведуваат дека батеријата од 5.000 mAh може да трае неколку дена. Достапна е тројна низа камери со главна камера од 48MP, заедно со макро камера од 2MP и сензор за длабочина од 2MP. Со поддршка за брзо полнење од 18W и полнач од 22,5 W што доаѓа заедно со телефонот.

Извор: B92.net