Телефоните со Android автоматски и рачно ќе можат да ја скенираат околината за да најдат непознати уреди за следење.
Паметните телефони со Android 6 или понова верзија сега добиваат ажурирање што ќе им овозможи да препознаат дали некој не следи. Ако е така, ќе добиеме предупредување за непознат уред за следење кој патува со нас.
Google ја објави функцијата на својот I/O настан во мај, како одговор на зголемениот број на дигитални случаи за следење кои користат наменски уреди како што е AirTag на Apple. Всушност, Google и Apple тесно соработуваа на овој проект.
Ажурираните телефони сега автоматски ќе можат да препознаат дали со нас се движи непознат bluetooth уред за следење, но не и неговиот сопственик, а кога тоа ќе се случи, ќе добиеме известување, но и можност да дознаеме повеќе. Ова вклучува мапа што ќе ја покаже маршрутата по која нè следел таков уред, а во некои случаи и серискиот број на уредот, како и информации за неговиот сопственик.
Се разбира, ова нема да биде премногу корисно ако не можеме да го лоцираме непознатиот уред за следење и ќе имаме опција да го активираме неговиот звучен сигнал, како и инструкција за деактивирање. На пример, на AirTag му треба да се одврти поклопрецот и се ја извади батеријата.
Ако сакаме, секогаш можеме рачно да ја скенираме нашата околина за да најдеме непознати уреди за следење. Кога ќе пристигне надградбата, треба да го направите следново:
- Отворете “Settings”
- Пронајдете “Safety & Emergency” опција
- Изберете “Unknown Tracker Alerts”
- Притиснете “Scan now” копче
Google вели дека рачното скенирање трае само 10 секунди за да се најде непознат уред, а доколку телефонот најде нешто, достапни се истите опции како и автоматското скенирање.
За жал, новата функција моментално ги открива само уредите AirTag, но списокот ќе се прошири со текот на времето. Гаџетот на Apple неколку пати беше тема на светските медиуми, а по неговото лансирање имавме можност да слушнеме и добри и лоши работи.
Поврзани артикли