Како и со сè ново на WhatsApp, оваа опција ќе стане достапна постепено во текот на следните недели.

WhatsApp интензивно работи на цела серија нови опции кои наскоро ќе им бидат достапни на корисниците. Но, новитетот што го претставија сега може да воодушеви многу корисници. Посебно помладите.

Имено, корисниците на WhatsApp ширум светот сега можат да одговараат на пораки со кратки видеа. Така, заедно со гласовна порака, можете да испратите и видео порака долга до 60 секунди.

„Ќе биде забавен начин да споделите моменти каде што можете да ги изразите своите емоции – без разлика дали се работи за роденденска честитка, реакција на шега или добри вести“, велат од WhatsApp.

Корисниците, пред сè, ќе треба да ги ажурираат своите апликации WhatsApp на паметните телефони, а потоа ќе можат да почнат да испраќаат видео пораки со неколку кликови.

Само влезете во разговорот со лицето на кое сакате да испратите видео, допрете на иконата за микрофон за да се префрлите на иконата на камерата и задржете за да го снимите видеото.

Видеото што се испраќа автоматски ќе почне да се репродуцира во разговорот, но без звук, за да не ги доведе корисниците во непријатна ситуација. Ако сакаат звук, примателите ќе треба само да кликнат на видеото. Како што истакнува WhatApp, видео пораките се заштитени со шифрирање, за да се осигураме дека ќе ги видат само примачите на кои сте ги испратиле.

Како што е случај со секоја нова функција на WhatsApp, оваа опција ќе стане достапна постепено во текот на следните недели.