Huawei забрзано го развива и подобрува својот HMS екосистем, а сега додаде уште едно ажурирање што дополнително го подобрува корисничкото искуство. Од оваа недела, Petal Maps нуди навигација со јавниот превоз во 16 земји и нуди планирање на велосипедски рути за 11 земји.

Новата, подобрена верзија на Petal Maps услугата нуди повеќе опции за навигација, нивно траење и детални информации, за корисникот да не мора да се заморува да го планира патувањето до работа или до посакуваната дестинација. Оваа опција е достапна во Франција, Шпанија, Германија, Швајцарија и други земји.

Од друга страна, велосипедските патеки ќе бидат достапни во Германија, Данска, Шпанија, Финска, Франција, Полска и Велика Британија, кога станува збор за Европа.

Услугата Petal Maps е достапна во Huawei AppGallery и работи на речиси сите уреди на Huawei и Honor. Ја поддржува и Air Gestures – функција која е ексклузивна за Huawei Mate 40 серијата.