Во последните денови се појави информација дека Apple би можел да го одложи претставувањето на серијата iPhone 15. Сепак, изгледа тоа нема да се случи, но затоа наводно ќе има зголемување на цените на iPhone.

Проблемот за кој веќе се пишуваше, а со кој наводно се соочува Apple е поврзан со производството на екрани. Имено, Foxconn забележал проблеми со екраните направени од LG. Наводно, екраните направени од јужнокорејската компанија не го поминале тестот за доверливост. Поради овој проблем, Apple наводно размислувал да го одложи лансирањето на оваа серија, но најновиот извештај укажува дека серијата iPhone 15 ќе пристигне според планираното, во септември оваа година.

Иако тоа е одлична вест за фановите на Apple, за жал, има и некои лоши вести. Имено, според извештајот, Apple наводно ќе ги зголеми цените на моделот iPhone 15 за најмалку 100 долари во однос на првичните цени на серијата iPhone 14.

Секако, ова е неофицијална и непроверена информација, но судејќи според досегашните сознанија за карактеристиките на серијата iPhone 15, оваа информација многу лесно би можела да се покаже како точна.

Сигурно е дека најголемата промена во однос на минатогодишната серија ќе биде новата порта за полнење. Така, Apple е принуден да ги испорача моделите на iPhone 15 со USB-C порта за полнење, што ќе биде голема промена. Дополнително, сите модели на iPhone 15 би требало да пристигнат со поголеми батерии во однос на претходникот.

Така, iPhone 15 наводно ќе има батерија со капацитет од 3877 mAh; iPhone 15 Plus батерија од 4912mAh, батерија iPhone 15 Pro 3650mAh, додека iPhone 15 Pro Max наводно ќе пристигне со батерија од 4852mAh.

Дополнително, се очекува моделите на iPhone 15 да пристигнат со побрзо полнење.