Голем број корисници не знаат дека во Windows постои опција за итно рестартирање на оперативниот систем.
Повеќето корисници на Windows, без разлика дали имаат Windows 10 или новиот Windows 11, па дури и оние што користат постари платформи Windows 7 или Windows XP, се запознаени со тоа како функционира функцијата Windows Power. Постојат опции: Shut Down, Restart и Sleep за PC.
Во случај на некои итни ситуации, кога корисникот не може да ја заобиколи апликацијата, компјутерот или програмата се замрзнува, достапна е практичната опција CTRL+ALT+DEL. Повеќето корисници го знаат ова кога ќе се заглават во оперативен систем или апликација.
Комбинацијата на копчињата CTRL+ALT+DEL го покренува екранот, со мени што ги содржи следните опции: Lock, Switch user, Sign out и Task Manager. Windows 10 има и опцијата Change Password, која не е достапна во Windows 11.
Сепак, она што многу корисници на Windows не го знаат е постоењето на тајна опција „Emergency Restart“, која е скриена во рамките на CTRL+ALT+DEL.
За да пристапи до функцијата Emergency Restart, корисникот мора истовремено да го притисне копчето „Power“ во долниот дел од екранот и копчето CTRL на тастатурата. Ако само го притиснете копчето Power, ќе се појават опциите Sleep, Shut Down и Restart.
Microsoft ја имплементирал опцијата Emergency Restart од самиот почеток на платформата, од верзијата Windows NT 3.1 од 1993 година. Интерфејсот секако еволуираше и стана помодерен.
Поврзани артикли