Компанијата Wiko е една од оние кои добро ги знаат своите предности и се борат на пазарот со она со што располагаат. Поради тоа и овој пат, со новата генерација Wiko View телефони, фокусот е ставен на автономијата на батеријата. Токму од ова, проистече соработката помеѓу компаниите Wiko и SmartViser – од желбата брендот непрестано да ја подобрува автономијата на своите паметни телефони.

SmartViser е позната и независна лабораторија за тестирање производи, а споменатата соработка изгледа вака: независна страна го тестира Wiko паметниот телефон, симулирајќи вистинска употреба на потрошувачите во вистински мрежни услови, со цел да ги оцени перформансите засновани на просечното користење.

Врз основа на резултатите во поглед на траењето на батеријата, SmartViser ги забележува импресивните резултати на Wiko View4, дури го нарекува и „маратонец“ и ги потврдува трите дена интензивно користење со едно полнење. ViSerMark е сложен тест на протоколите на автономија, кој не ја анализира само основната употреба, туку многу повеќе од тоа.

View4 доби ViSerMark оценка 315, што е најдобра оценка која SmartViser ја дал досега за некој паметен телефон.

Wiko View4 опремен со батерија од 5000 mAh, која е поврзана со окта-кор процесор, паметна тројна камера и максимална меморија од 64GB. Сите овие карактеристики ги надополнува full-screen со модерен дизајн. Wiko View4 е навистина вооружен да се соочи со најтешките начини на користење во текот на многу часови. Компанијата SmartViser лесно ги препозна напорите на овој бренд, за да обезбеди телефони со одлични перформанси по цена достапна на сите.