Тајванскиот производител HTC минатата година претстави само два телефона, но во текот на 2021. година веќе наскоро би можеле да го видиме новиот модел на компанијата. Desire 21 Pro 5G е наводното име на моделот, што се појави во најновите протечени информации.

Наводниот HTC Desire 21 Pro 5G се појави на фотографии, а ознаката на уредот е 2AQAG100 и од старт користи Android 10. Предниот дизајн укажува на нешто  пошироки рамки, но и центриран punch-hole отвор за предната камера. Се претпоставува дека телефонот ќе користи IPS LCD панел.

На задната страна е видлива минт зелена боја на нане, со текстура слична на јаглеродни влакна. Системот со четири камери ќе има 48MP главен сензор. Бидејќи сензорот за отпечатоци не е видлив на задната страна, тој најверојатно ќе биде сместен од страна на рамката – во копчето за вклучување.

Засега нема други детали за потенцијалниот HTC Desire 21 Pro 5G телефон, а наскоро би можеле да бидат достапни и повеќе информации.