Играта Final Fantasy се врати и тоа посилна од било кога. Првиот потполно развиен акционен RPG нè воведува во мрачен свет каде судбината на земјата е во рацете на моќните суштества кои ја преземаат контролата.

Играта за PlayStation 5 ќе го следи Клајв Розфилд, вешт мечувалец и Првиот штит на Росарија, кој има задача да го заштити својот помлад брат Џошуа – Доминантниот Феникс. Се разбира, има неочекувани настани кои го принудуваат нашиот херој на мрачен и опасен пат на одмазда.

Ако никогаш не сте ја пробале оваа франшиза, не грижете се, бидејќи Final Fantasy XVI ги пречекува новите и старите играчи во сосема нова приказна, свет и ликови од оваа сакана игра. Играчите ќе се најдат во средновековна фантастична земја, каде како Клајв ќе се борат против своите непријатели во реално време.

Овој самостоен акционен RPG блокбастер наслов за PS5 носи спектакуларна, врвна графика, темна приказна и динамична акциона борба во реално време на размери што досега не биле видени во светот на Final Fantasy, пренесува Ladbible.

PlayStation објави демо овој месец, за кој фановите почнаа да се радуваат и веќе се уверени дека ова ќе биде едно од најголемите изданија на игри оваа година.