Пред неколку дена се појави информација дека Samsung би можел порано да го претстави Galaxy S23 FE поради неочекуван проблем. Сега добиваме нови детали за овој телефон.

Според познатиот дојавувач Tech Reve, Samsung би можел да го испорача Galaxy S23 FE само во една верзија на процесорот. На разочарување на многумина, тоа би можело да биде чипот на Samsung, Exynos 2200.

Тој понатаму наведува дека изборот на Exynos 2200 наместо чипот Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 е стратешки потег на Samsung за намалување на трошоците и одржување на профитабилноста. Но, од друга страна, оваа одлука би можела да влијае на полошата продажба на овој телефон, со оглед на непопуларноста на Exynos чиповите.

Наводно, споменатиот чип ќе биде поврзан со 6 GB или 8 GB LPDDR5 RAM меморија, која ќе работи со брзина од 6,4 Gbps. Опциите за внатрешна меморија се очекува да бидат 128 GB или 256 GB (UFS 3.1).

Samsung веќе тестира фирмвер за овој уред со моделски број SM-711B за европскиот пазар, додека тоа се уште не е случај за американската и јужнокорејската верзија на телефонот. Ова, пак, укажува дека Galaxy S23 FE нема да пристигне толку брзо.

Што се однесува до останатите спецификации, гласините сугерираат дека телефонот ќе пристигне со сензор за главната камера од 50 MP. Станува збор за сензор Samsung GN3. Покрај него, ќе има и телефото камера од 8 MP со 3x зголемување и ултра широка камера од 12 MP на задната страна. Напред ќе има селфи камера од 12 MP.

Се очекува наскоро да добиеме повеќе информации за овој телефон, особено оние поврзани со временската рамка на неговото претставување.