Со донација од Credissimo, целосно е реновирана библиотеката во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани

Со оваа донација Credissimo како општествено одговорна компанија придонесе за унапредување на условите во училиштето, а тоа им овозможи на учениците едно ново средено и модерно катче за едукација, читање, како и простор за учење и завршување на училишните обврски. Библиотеката е обновена со нов мебел, полици, варосана и освежена со нова боја.

„Среќни сме што наставничката Ана Симонова од ОУ ‘Раде Кратовче’, нѐ контактираше и испрати барање до нас за да се вклучиме во овој проект за уредување и подобрување на условите во училиштето. Нашата компанија дава посебно значење на образованието и ние постојано ја истакнуваме неговата важност за развојот на секој поединец. Секогаш сме присутни и отворени за соработка и помош во сите институции каде што има потреба“ – изјавија од Credissimo.

„Учениците се пресреќни. Новата библиотека е нивното ново омилено место во училиштето. По нејзиното целосно реновирање и преуредување, тие поминуваат многу повеќе време тука. Читаат, се забавуваат и си споделуваат интересни факти од прочитаното. Благодарни сме што Credissimo позитивно одговори на нашето барање и целосно ја обнови библиотеката, и покрај тоа што ние побаравме само да се вклучат со делумна финансиска поддршка“ – изјави наставничката Ана Симонова.

Ова е само еден од многуте општествено одговорни проекти на Credissimo, а ќе има уште многу кои допрва ќе бидат реализирани.

ПР Текст